1294
< XII век | XIII век | XIV век > | |||||||
01 | 02 | 03 | 04 | 05 | 06 | 07 | 08 | 09 | 10 |
11 | 12 | 13 | 14 | 15 | 16 | 17 | 18 | 19 | 20 |
21 | 22 | 23 | 24 | 25 | 26 | 27 | 28 | 29 | 30 |
31 | 32 | 33 | 34 | 35 | 36 | 37 | 38 | 39 | 40 |
41 | 42 | 43 | 44 | 45 | 46 | 47 | 48 | 49 | 50 |
51 | 52 | 53 | 54 | 55 | 56 | 57 | 58 | 59 | 60 |
61 | 62 | 63 | 64 | 65 | 66 | 67 | 68 | 69 | 70 |
71 | 72 | 73 | 74 | 75 | 76 | 77 | 78 | 79 | 80 |
81 | 82 | 83 | 84 | 85 | 86 | 87 | 88 | 89 | 90 |
91 | 92 | 93 | 94 | 95 | 96 | 97 | 98 | 99 | 00 |
Грегоријански календар | 1294 MCCXCIV |
Ab urbe condita | 2047 |
Ерменски календар | 743 ԹՎ ՉԽԳ |
Асирски календар | 6044 |
Балиски календар | 1215–1216 |
Бенгалски календар | 701 |
Берберски календар | 2244 |
Будистички календар | 1838 |
Бурмански календар | 656 |
Византиски календар | 6802–6803 |
Кинески календар | 3990 или 3930 — до — 3991 или 3931 |
Коптски календар | 1010–1011 |
Етиопски календар | 1286–1287 |
Еврејски календар | 5054–5055 |
Хиндуистички календари | |
- Викрамска ера | 1350–1351 |
- Сачка ера | 1215–1216 |
- Кали-југа | 4394–4395 |
Холоценски календар | 11294 |
Игбоански календар | 294–295 |
Ирански календар | 672–673 |
Исламски календар | 693–694 |
Јапонски календар | Ејнин 2 ( |
Јавански календар | 1204–1206 |
Јулијански календар | 1294 MCCXCIV |
Корејски календар | 3627 |
Мингуо-календар | 618 пред Р. Кина |
Нанакшахи | −174 |
Тајландски сончев календар | 1836–1837 |
Тибетски календар | 阴水 (женска вода-змија) 1420 или 1039 или 267 — до — 阳木马年 (машко дрво-коњ) 1421 или 1040 или 268 |
1294 (MCCXCIV) — година според општоприфатениот календар. Тоа била 1294 година од новата ера, 294. од вториот милениум, 94. од XIII век и петта од 1290-тите.
Други календари
[уреди | уреди извор]Истата година се среќава поинаку во календарите на различни народи и култури. Меѓу попознатите се вбројуваат: византискиот, асирскиот, еврејскиот, римскиот, кинескиот, будистичкиот и исламскиот.
Така, во византискиот календар, којшто времето го мери од создавањето на светот според Библијата, на 1 септември 5509 г. п.н.е. според продолжениот јулијански календар, истата трае во текот на 6802 и 6803 година. Според асирскиот календар, во којшто мерењето на времето започнува од 4750 г. п.н.е, кога се проценува дека бил изграден првиот храм во граот Асур, станува збор за 6044 година. Понатаму, во еврејскиот календар, којшто започнува на 1 септември 3760 г. п.н.е. според продолжениот јулијански календар или околу една година пред создавањето на светот според Евреите, годината се протега во текот на 5054 и 5055 еврејска година. Според календарот на Римјаните, којшто започнува од 753 г. п.н.е., кога браќата Ромул и Рем го основале градот Рим (познато и како Ab urbe condita), годината е избројана како 2047.
Во рамките на кинескиот календар, пак, постојат две поделени мислења за почетокот на броењето на годините: едни сметаат дека тоа е 61 година од владеењето на легендарниот Жолт цар или 2637 г. п.н.е.; додека други сметаат дека за почеток треба да се земе годината кога Жолтиот цар станал владетел, т.е. 2697 г. п.н.е. На тој начин, според првото гледиште, 1294 година се протега во 3930 и 3931, додека според второто гледиште, годината трае во текот на 3990 и 3991 кинеска година. Будистичкиот календар започнува да го мери времето од 543 г. п.н.е., година во којашто се смета дека Буда достигнал состојба на нирвана, и годината ја брои како 1837. Според исламскиот календар, во којшто мерењето на времето започнува со 622 година, т.е. годината на пребегнувањето на пророкот Мухамед од Мека во Медина (позната и како хиџра), годината се протега во текот на 693 и 694 исламска година.
Настани
[уреди | уреди извор]Азија
[уреди | уреди извор]- 18 февруари - Умира Кублај-кан. Поделбата помеѓу четирите монголски земји: Чагатајски Ханат, Златна Орда, Илканат и Јуен се продлабочува.
Европа
[уреди | уреди извор]- 5 јули - По папските избори, Папа Целестин V го наследува Папа Никола IV, станувајќи 192-тиот папа.
- Есен - Како одговор на активностите на новите кралски администратори во северен и западен Велс, Мадог ап Ливелин започнува револт против неговите англиски господари.
- 24 декември - Папа Бонифациј VIII го наследува Папа Целестин V, станувајќи 193-ти папа.
- Јован I, кралот на Шкотска, решава да ги одбие барањата на кралот Едвард I за поддршка во планираната инвазија на Франција.
- Архитектот Арнолфо ди Камбио ја дизајнира Фирентинската катедрала.
- Англија и Португалија влегуваат во првиот сојуз (Англо-португалски сојуз, како најстар познат сојуз.
- Едвард I и Филип IV Убавиот прогласуваат војна еден на друг. За финансирање на оваа војна, и двајцата цареви поставиле даноци врз свештенството. Папата Бонифациј VIII настојува на тоа дека кралевите добиваат папска согласност за оданочување на свештенството и им забранува на црковниците да плаќаат даноци.
- Јован XII Цариградски е прогласен за Вселенски патријарх.
- Михаил IX Палеолог се оженува за Рита Ерменска.
- За првпат се споменува црквата Св. Јаков во Перлеберг.
- За првпат се споменува Берген на Риген .
- Зволе станува член на Ханза.
Родени
[уреди | уреди извор]- 18 јуни или 19 јуни - Шарл IV, последниот француски крал од Капетинската династија (п. 1328)
- Јован, војвода од Дурацо (п. 1336)
- Јована Валоа, грофица од Ено (п. 1342)
- Симонида, византиска принцеза и четврта sopruga на српскиот крал Стефан Милутин.
Починале
[уреди | уреди извор]- 18 февруари - Кублај Хан (р. 1215)
- 3 мај - Јован I, војвода од Брабант
- 12 јуни - Јован I, гроф од Еу
- 25 декември - Местин II, војвода од Померанија
- Брунето Латини, фирентински филозоф (р. 1220)
- Димитар I, кнез на Владимирско-суздаљското Кнежевство