1923
< XIX век | XX век | XXI век > | |||||||
01 | 02 | 03 | 04 | 05 | 06 | 07 | 08 | 09 | 10 |
11 | 12 | 13 | 14 | 15 | 16 | 17 | 18 | 19 | 20 |
21 | 22 | 23 | 24 | 25 | 26 | 27 | 28 | 29 | 30 |
31 | 32 | 33 | 34 | 35 | 36 | 37 | 38 | 39 | 40 |
41 | 42 | 43 | 44 | 45 | 46 | 47 | 48 | 49 | 50 |
51 | 52 | 53 | 54 | 55 | 56 | 57 | 58 | 59 | 60 |
61 | 62 | 63 | 64 | 65 | 66 | 67 | 68 | 69 | 70 |
71 | 72 | 73 | 74 | 75 | 76 | 77 | 78 | 79 | 80 |
81 | 82 | 83 | 84 | 85 | 86 | 87 | 88 | 89 | 90 |
91 | 92 | 93 | 94 | 95 | 96 | 97 | 98 | 99 | 00 |
Грегоријански календар | 1923 MCMXXIII |
Ab urbe condita | 2676 |
Ерменски календар | 1372 ԹՎ ՌՅՀԲ |
Асирски календар | 6673 |
Бахајски календар | 79–80 |
Балиски календар | 1844–1845 |
Бенгалски календар | 1330 |
Берберски календар | 2873 |
Будистички календар | 2467 |
Бурмански календар | 1285 |
Византиски календар | 7431–7432 |
Кинески календар | 4619 или 4559 — до — 4620 или 4560 |
Коптски календар | 1639–1640 |
Етиопски календар | 1915–1916 |
Еврејски календар | 5683–5684 |
Хиндуистички календари | |
- Викрамска ера | 1979–1980 |
- Сачка ера | 1844–1845 |
- Кали-југа | 5023–5024 |
Холоценски календар | 11923 |
Игбоански календар | 923–924 |
Ирански календар | 1301–1302 |
Исламски календар | 1341–1342 |
Јапонски календар | Тајшо 12 ( |
Јавански календар | 1853–1854 |
Џуче-календар | 12 |
Јулијански календар | грегоријанската без 13 дена |
Корејски календар | 4256 |
Мингуо-календар | Р. Кина 12 |
Нанакшахи | 455 |
Тајландски сончев календар | 2465–2466 |
Тибетски календар | 阳水 (машка вода-куче) 2049 или 1668 или 896 — до — 阴水 (женска вода-свиња) 2050 или 1669 или 897 |
1923 (MCMXXIII) — година според општоприфатениот календар. Тоа била 1923 година од новата ера, 923. од вториот милениум, 23. од XX век и четвртта од 1920-тите.
Други календари
[уреди | уреди извор]Истата година се среќава поинаку во календарите на различни народи и култури. Меѓу попознатите се вбројуваат: византискиот, асирскиот, еврејскиот, римскиот, кинескиот, будистичкиот и исламскиот.
Така, во византискиот календар, којшто времето го мери од создавањето на светот според Библијата, на 1 септември 5509 г. п.н.е. според продолжениот јулијански календар, истата трае во текот на 7431 и 7432 година. Според асирскиот календар, во којшто мерењето на времето започнува од 4750 г. п.н.е, кога се проценува дека бил изграден првиот храм во граот Асур, станува збор за 6673 година. Понатаму, во еврејскиот календар, којшто започнува на 1 септември 3760 г. п.н.е. според продолжениот јулијански календар или околу една година пред создавањето на светот според Евреите, годината се протега во текот на 5683 и 5684 еврејска година. Според календарот на Римјаните, којшто започнува од 753 г. п.н.е., кога браќата Ромул и Рем го основале градот Рим (познато и како Ab urbe condita), годината е избројана како 2676.
Во рамките на кинескиот календар, пак, постојат две поделени мислења за почетокот на броењето на годините: едни сметаат дека тоа е 61 година од владеењето на легендарниот Жолт цар или 2637 г. п.н.е.; додека други сметаат дека за почеток треба да се земе годината кога Жолтиот цар станал владетел, т.е. 2697 г. п.н.е. На тој начин, според првото гледиште, 1923 година се протега во 4559 и 4560, додека според второто гледиште, годината трае во текот на 4619 и 4620 кинеска година. Будистичкиот календар започнува да го мери времето од 543 г. п.н.е., година во којашто се смета дека Буда достигнал состојба на нирвана, и годината ја брои како 2466. Според исламскиот календар, во којшто мерењето на времето започнува со 622 година, т.е. годината на пребегнувањето на пророкот Мухамед од Мека во Медина (позната и како хиџра), годината се протега во текот на 1341 и 1342 исламска година.
Настани
[уреди | уреди извор]- Основан е Балканскиот револуционерен центар.
- 16 јануари - Aвтономистичката ВМРО извршува масакр врз колонизираното српско население во свети-николското село Кадрифаково.
- 2 март - Српската војска извршува масакр во радовишкото село Гарван.
- 23 март - Кралството СХС и Царството Бугарија го потпишуваат Нишкиот договор.
- 24 мај – Завршува Ирската граѓанска војна.
- 9 јуни - Во Бугарија е извршен државен удар.
- 24 јули – Во Лозана, Турција и Грција го потпишуваат Лозанскиот мировен договор.
- 10 септември – Ирска станува членка на Друштвото на народите.
- 23 септември - Во Бугарија започнува Септемвриското востание, организирано од Бугарската комунистичка партија.
- 29 октомври - Прогласена е демократска и секуларна Република Турција, наследник на Отоманското Царство.
Родени
[уреди | уреди извор]- 9 февруари - Андре Горц, француски филозоф
- 24 февруари - Михаило Марковиќ, српски филозоф
- 1 мај - Милан Кангрга, хрватски филозоф
- 21 мај - Васко Караџа, македонски писател и преведувач од македонски на грчки јазик и обратно.
- 27 мај - Хенри Кисинџер, американски политичар
- 2 август - Шимон Перес, израелски политичар
- 6 септември - Петар II Караѓорѓевиќ, југословенски крал
- 4 октомври — Чарлтон Хестон, американски глумец
- 15 октомври — Итало Калвино, италијански писател
- 20 декември — Ацо Шопов, македонски писател
- 2 декември — Марија Калас, американско-грчка оперска пејачка
Починале
[уреди | уреди извор]- 3 јануари — Јарослав Хашек, чешки писател
- 11 јануари — Константин I, грчки крал
- 10 февруари — Вилхелм Конрад Рентген, германски физичар
- 10 март — Арсо Локвички, македонски револуционер
- 26 април — Никола Јуруков, македонски револуционер
- 14 јуни — Александар Стамболиски, бугарски политичар
- 18 јуни — Христо Смирненски, македонски и бугарски поет
- 7 јули — Таската Серски, македонски револуционер
- 20 јули — Панчо Виља, мексикански револуционер
- 26 август — Рајко Даскалов, бугарски политичар
- 23 септември — Георги Казепов, македонски револуционер
- 27 септември — Тодор Чопов, македонски револуционер