(Translated by https://www.hiragana.jp/)
NGC 4 — Википедија Прејди на содржината

Следете ја Википедија на македонски јазик на Facebook и на Instagram!

Уредувачки ден „Песни“
Уредувачки ден „Песни“

Се известуваат сите заинтересирани уредници на Википедија на македонски јазик дека на 19 ноември 2024 година ќе се одржи уредувачки ден на тема „Песни“.

Се известуваат сите заинтересирани уредници дека во периодот од 4 ноември до 3 декември 2024 година се одржува уредувачки натпревар за средување на статии. Прочитајте ги правилата и вклучете се!

NGC 4

Од Википедија — слободната енциклопедија
NGC 4

Соѕвездие Риби
Епоха Ј2000.0
Положба
Ректасцензија 0 ч 7 м 24,5 с
Деклинација + 8° 22' 26"
Положбен агол 35°
Податоци од набљудување
Вид на тело леќеста галаксија
Морфолошки вид S0
Привиден сјај
(видлив)
15,9
Привиден сјај
(во честот. појас.)
16,9
Површински сјај 13,9 m/лм2
Физички податоци
Привидни димензии 0,6' х 0,3'
Историја
Откривач Алберт Март
Откриена 29 ноември 1864

NGC 4леќеста галаксија во соѕвездието Риби, заведена во Новиот општ каталог на длабоконебесни тела.

Откривање

[уреди | уреди извор]

Објектот е откриен на 29 ноември 1864 година од страна на Алберт Март, со помош на рефлекторски телескоп, чијашто леќа имала пречник од 48 см.

Податоци

[уреди | уреди извор]

Податоци од набљудување

[уреди | уреди извор]

Според морфолошката класификација на галаксиите, NGC 4 е од видот S0.[1] Видливиот сјај со голо око изнесува 15,9 m, оној во рамките на интервалот од минималната до максималната честота 16,9 m, додека површинскиот сјај изнесува 13,9 m/лм2.[2] NGC 4 има привидни димензии од 0,6' х 0,3'.[2]

Астрономски податоци

[уреди | уреди извор]

Објектот е од епохата Ј2000.0. Неговата ректасцензија, односно аголот измерен меѓу еклиптиката и небесниот екватор со теме во пролетната точка, изнесува 0 ч 7 м 24,5 с, а неговата деклинација, односно висината на лакот на тој агол, + 8° 22' 26".[3] Положбениот агол на објектот е во износ од 35°.[2]

Други поделби

[уреди | уреди извор]

Проучување на NGC 4 е вршено од повеќе истражувачи, па поради тоа е вклучен и во други познати збирки според различн критериуми на поделба. Така, во Каталогот на најважните галаксии (PGC), објектот се среќава со ознаката 212468. Во рамките на атласот на длабокото небо, Уранометрија 2000.00, објектот припаѓа на групата означена со бројот 170; додека во Каталогот на основни ѕвезди (GSC) е групиран под бројот 594. Објектот е забележан и во фотографското истражување спроведено од Паломарската опсерваторија во 1958 година, каде што се споменува во групата под број 796.

Поврзано

[уреди | уреди извор]

Користена литература

[уреди | уреди извор]
  • Hirshfeld, Alan, and Roger W. Sinnott, eds., Sky Catalogue 2000.0, Vol.2, Cambridge, Massachusetts: Sky Publishing Corp. and Cambridge University Press, 1985. (3098,238)

Надворешни врски

[уреди | уреди извор]