(Translated by https://www.hiragana.jp/)
xkcd — Википедија Прејди на содржината

xkcd

Од Википедија — слободната енциклопедија

xkcd
Автор(и) Рендал Манро
Портал http://xkcd.com/
RSS-пренос
Atom-пренос
Моментален статус / распоред понеделници, среди и петоци
Почеток септември 2005
Жанр(ови) хумор за „гикови“

xkcdсемрежен стрип чиј автор е Рендал Манро, бивши соработник на НАСА.[1] Стрипот себеси се опишува како „семрежен стрип за романса, сарказам, математика и јазик“.[2][3]

Содржината се врти околу различни теми, меѓу кои најчести се мисли за животот и љубовта (некои страници се едноставно уметност со поезија), и математички или научни внатрешни шеги. Некои страници пак содржат едноставен хумор или наводи на случувања или личности од поп-културата. Иако ликовите се едноставни фигури од линии [4][5], постојат и пејзажи, сложени математички шеми како фрактали (пример: #17 „What If“) или имитиации на стилови од други цртачи (пример: Parody Week Архивирано на 3 март 2016 г.).

Стрипот е достапен под лиценцата Creative Commons Attribution-NonCommercial 2.5.[6] Нови стрипови излегуваат трипати неделно: во понеделник, среда и петок[7] на полноќ по американската источна часовен појас[8], иако неколкупати досега излегувал по еден стрип секој ден од неделата: Parody Week, серијалот „Choice“, серијалот 1337“, серијалот „Secretary“ и серијалот „The Race“.

Историја

[уреди | уреди извор]
Рендал Манро, авторот на xkcd

Стрипот почнал во септември 2005 г. кога Манро решил да скенира „чкртаници“ од неговите школски тетратки и да ги подигне на неговото мрежно место. Подоцна стрипот добил свое сопствено мрежно место, каде што Манро почнал да продава маици со теми од стрипот. Моментално стрипот му е главната работа[3] со која се издржува. Според Манро, името на стрипот нема никакво посебно значење, туку едноставно е збор со четири букви без фонетски изговор. Името на стрипот се пишува со сите мали букви (или сите големи).[3]

Во мај 2007, стрипот привлекол големо внимание со претставување на интернет-заедниците во географска форма.[9] Разни мрежни места се нацртани како континенти, секој со големина што одговара на нивната релативна популарност, сместени според нивната главна тема.[9] Со ова xkcd се искачил на второто место на листата „The new hotness“ на весникот The Post-Standard.[10]

xkcd не е акроним и Манро не му дава никакво значење на името, освен на шега во самиот стрип.[11] Тој тврди дека името прво било интернет-псевдоним што го одбрал како комбинација од букви што нема да има смисла и ќе биде фонетски неизговорливо.[3][7] Сепак, некои други луѓе имаат дадено претпоставки за можните значења на xkcd: мрежниот стрип Short Minds, на пример, има споменато дека збирот од редните броеви на буквите X, K, C и D во англиската азбука е 42, одговорот на животот, универзумот и сѐ друго на Даглас Адамс.[12]

На 23 септември 2007, стотици луѓе се собрале на 42°23′44″N 71°07′50″W / 42.39561° СГШ; 71.13051° ЗГД / 42.39561; -71.13051, парт во северен Кембриџ, Масачусетс чии координати се спомнати во стрипот #240. Авторот на стрипот се појавил и изјавил, „Можеби сепак кога сакаш нешто, тоа го прави стварно“, негирајќи го заклучокот во последната рамка од стрипот.[13][14]

Во октомври 2007, списанието The New Yorker објавило интервју и цртачки двобој помеѓу Рендал Манро и Фарли Кец. Во двобојот Кец и Манро цртале на темите „интернетот како што го гледаат постарите“, „Теорија на струните“, „1999“ и „вашето омилено животно ја јаде вашата омилена храна“.[15]

  1. „Authors@Google: Randall Munroe“. @Google Talks. Маунтин Вју: Google. 11 декември 2007. Посетено на 25 септември 2008.
  2. The Times (6 јуни 2007) xkcd.com; The click; Wednesday. Section: Features; Page 4. (writing, "Web comics have thrived and one of the best is xkcd.com. The comic strip of 'romance, sarcasm, math and language' is brilliant on the stupidity of people who comment on YouTube videos and, oddly, how we take dreaming in our stride: 'I'm gonna go comatose for a few hours, hallucinate vividly, then Maybe suffer amnesia about the whole experience.'")
  3. 3,0 3,1 3,2 3,3 „About xkcd“. xkcd. Посетено на 6 март 2007.
  4. Guzmán, Mónica (11 мај 2007). „What's Online“. Seattle Post-Intelligencer. стр. D7. Посетено на 30 мај 2008. Created by math and programming geek Randall Munroe, the xkcd comic updates every Monday with a new adventure for its cast of oddball stick figures.
  5. Kalamazoo Gazette (17 август 2006) Ad lib. Section: Ticket.
  6. „License“. xkcd. Посетено на 25 јуни 2007.
  7. 7,0 7,1 Fernandez, Rebecca (25 ноември 2006). „xkcd: A comic strip for the computer geek“. Red Hat Magazine. Посетено на 6 март 2007.
  8. „xkcd » Blog Archive » Ghost“. Blag.xkcd.com. 31 декември 2007. Посетено на 13 мај 2010.
  9. 9,0 9,1 Tossell, Ivor. (18 мај 2007) Globe and Mail We're looking at each other, and it's not a pretty sight. Section: The Globe Review 7; Page R24
  10. Cubbison, Brian; Thompson, Keith. (6 мај 2007) The Post-Standard. Get each of these links at the news tracker blog at blog.syracuse.com/Newstracker and remember, our blogs don't need www. our blogs start with blog. Section: News; Page A2.(Compiled from news services and online research by the authors)
  11. „What xkcd Means (#207)“. xkcd. Посетено на 6 март 2007.
  12. „x+k+c+d=42“. Short Minds. Посетено на 6 септември 2008.
  13. „Dream Girl (#240)“. Xkcd.com. 26 март 2007. Посетено на 13 мај 2010.
  14. Cohen, Georgiana (26 септември 2007). „The wisdom of crowds“. The Phoenix. Посетено на 27 септември 2007.
  15. Katz, Farley (15 октомври 2008). „Cartoon-Off: XKCD“. www.newyorker.com. Посетено на 17 јануари 2009.

Надворешни врски

[уреди | уреди извор]
Викицитат има збирка цитати поврзани со: