(Translated by https://www.hiragana.jp/)
Социјалдемократски Сојуз на Македонија
The Wayback Machine - https://web.archive.org/web/20160309090042/http://www.sdsm.org.mk/Generalen-sekretar.aspx

Генерален секретар на СДСМ

Оливер Спасовски

 

Оливер Спасовски е Генерален секретар на Социјалдемократскиот сојуз на Македонија.

Во 2015 година согласно договорот 2 јуни-15 јули е именуван за Министер за внатрешни работи во Владата која ќе ги организира предвремените парламентарни избори во 2016 година.

Беше избран за пратеник во Собранието на Република Македонија во два мандати (2006-2008 и 2011-2014).

Во 2013 година е избран за Генерален секретар на СДСМ. Од 2005 до 2006 година бил организационен секретар на СДСМ. Во периодот од 2003 до 2004 година бил член на Претседателството на Централниот одбор на СДСМ.

Секретар на општинската организација на СДСМ Куманово бил во периодот од 2000 до 2003 година. Од 1999 до 2003 година бил член на Претседателството на Општинската организација на СДСМ Куманово.

Од 2008 до 2011 година работел како секретар на Општина Куманово. Советник на градоначалникот на Куманово бил во периодот од 2001 до 2005 година. Во 2000 година работел како адвокатски приправник.

Спасовски е магистрант по управно право на Правниот факултет „Јустинијан I” при Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје. Дипломирал на истиот факултет, а основно и средно училиште завршил во Куманово.

Роден е на 21.10.1976 во Куманово. Оженет e со Катерина со која има две деца. Зборува англиски и француски јазик.


КОНТАКТ:

Тел: +389 2 3293130
Факс: +389 2 3293114
Mail: oliver.spasovski@sdsm.org.mk
Адреса: Бихаќка 8, 1000 Скопје
Република Македонија

Огласи/конкурси

Постојат многу варијации на пасуси од Lorem Ipsum, меѓутоа повеќето претрпеле одредени промени

меѓународни извештаи

Постојат многу варијации на пасуси од Lorem Ipsum, меѓутоа повеќето претрпеле одредени промени