(Translated by https://www.hiragana.jp/)
Википедија:Правило за користење јазици — Википедија

Википедија:Правило за користење јазици

Оваа страница документира официјално начело на македонската Википедија, општоприфатен стандард што сите уредувачи треба да го следат. Ако ја уредувате оваа страница, Ве молиме прво уверете се дека за Вашата промена постои консензус. Ако се двоумите, прво дискутирајте на страницата за разговор.
Кратенки:
ВП:ПЗКЈ
За да пријавите насилство, видете Огласна табла за администратори.


Правилото за користење јазици (често користено како ПЗКЈ) е:

Корисникот е задолжен исклучиво да користи македонски јазик и неговото кирилично писмо како основни средства за уредување статии, водење разговори и помагање на Википедија. Од ова правило следуваат и соодветни исклучоци наведени подолу.

Ова правило е дел од правилата на Википедија чија цел е да се подобри комуникацијата и разбирливоста помеѓу Вики заедницата. Не почитувањето на ова правило донесува казна- блок од 24 часа. Администраторот има обврска да го предупреди корисникот еднаш, и ако корисникот повторно го игнорира тоа предупредување, следува соодветната, веќе напоменета казна.

Користење на ова правило

уреди

Ова правило е создадено пред сè земајќи две основни работи на Википедија:

  • користење на македонскиот јазик на македонската Википедија како основен јазик на комуникација и работење
  • создавање на пријатна атмосфера со тоа што разговорите помеѓу корисниците и нивната работа се одвиваат само на македонски јазик.

Така, ова правило има за цел да ја подобри комуникацијата помеѓу корисниците со тоа што разговорите и уредувањата ќе бидат разбирливи за сите корисници. Исто така, како дел од македонската Википедија, ова правило има за цел да го одржи македонскиот јазик како единствено јазично средство за уредување и разговор на ова издание на Википедија. Во случај, корисникот да не може да зборува, пишува или чита на македонски јазик, тогаш се користи англискиот јазик како општоприфатлив и разбирлив јазик помеѓу различни нации. Англискиот јазик се користи само на страните за разговор, никако во самата статија. Освен тоа корисниците можат да пишуваат меѓу себе на други јазици кои се застапени во нивните Вавилон кутии, а притоа двајцата ги зборуваат. Доколку некој корисник е заинтересиран за темата на разговорот, а не може да разбере, на негово барање мора да му се обезбеди соодветен превод и ако ова барање не се исполни следува казна.

Единствено службено писмо на македонската википедија е македонското кирилично писмо, а додека во ситуации опфатени со исклучоци се користи и соодветното писмо на одреден јазик (најчесто стандардната латинична азбука).

Исклучоци

уреди

Од ова правило исклучоци се:

  • ако корисникот воопшто не може да чита и пишува македонски јазик (видете одделот погоре), и
  • ако корисникот разбира македонски јазик но не може разбирливо да пишувa.

Во вакви случаи, се дозволува корисникот да пишува на англиски јазик или јазик разбирлив со соговорникот, следен со соодветен превод ако разговорот не е на англиски или македонски јазик.

Предлошка за предупредување

уреди

При предупредување на корисникот кој не го почитува ова правило се користи следната предлошка:

{{КористиМК}}