(Translated by https://www.hiragana.jp/)
Баухаус: Разлика помеѓу преработките — Википедија Прејди на содржината

Баухаус: Разлика помеѓу преработките

Од Википедија — слободната енциклопедија
[проверена преработка][проверена преработка]
Избришана содржина Додадена содржина
Ред 28: Ред 28:


=== Берлин ===
=== Берлин ===
Во 1931 година, на локалните избори во Десау победила [[Националсоцијалистичка работничка партија на Германија|Националсоцијалистичката работничка партија на Германија]]. Така, во 1932 година, Баухаус морало да се пресели по вторпат. Овој пат, новото место на училиштето бил градот [[Берлин]]. Сепак, кратко потоа, во 1933 година, институцијата била принудена од националсоцијалистите да биде трајно затворена.
Во 1931 година, на локалните избори во Десау победила [[Национал-социјалистичка германска работничка партија|Национал-социјалистичката работничка партија на Германија]]. Така, во 1932 година, Баухаус морало да се пресели по вторпат. Овој пат, новото место на училиштето бил градот [[Берлин]]. Сепак, кратко потоа, во 1933 година, институцијата била принудена од национал-социјалистите да биде трајно затворена.


== Наводи ==
== Наводи ==

Преработка од 04:10, 23 октомври 2010

Државното училиште Баухаус, познато само како Баухаус, е училиште за архитектура и декоративна уметност, кое постоело од 1919 до 1933 година. Според видот и концепцијата, појавата на училииштето претставувало појава на нешто сосема ново, а денес важи за дом на авангардата на современоста во сите подрачја на слободната и применетата уметност и се смета за посебен архитектонски стил. Посотело сè до 1933 година.

Баухаус било основано во Вајмар од страна на Валтер Гропиус, а причина за основање на училиштето била идејата за создавање здружение на занаетчии-уметници, кои ќе бидат подучувани од уметници, со цел да се дојде до заедничко истражување на професорите и студентите во примената на новите техники, материјали и облици во архитектурата, производството на мебел и обликувањето на употребните предмети. Основачите имале за цел да ги задоволат масовните потреби на населението и се стремеле да создадат допадливи предмети со поволна цена и максимална удобност.[1]

Историја

Предисторија

Во 1902 година, белигскиот архитект, Хенри ван де Велде, организирал уметничко-занаетчиски семинар, кој се одржал во Вајмар, а во 1907 година прераснал во „Уметничко-занаетчиски институт“.[2] Не е спорно дека ван де Велде веќе вовел значителен број на методи и принципи, по кои подоцнежниот Баухаус станал познат.[3]

Вајмар

Државното училиште Баухаус во Вајмар било основано на 12 април 1919 година со здружување на Сакскиот универзитет за визуелна уметност во Вајмар и Уметничко-занаетчиското училиште, коешто било затворено во 1915 година.[4]

Како професори, Гропиус успеал да вработи познати уметници, како Лионел Фајнингер, Јоханес Итен, Јозеф Алберс, Пол Кле (од 1921), Василиј Кандински (од 1922) и Оскар Шлемер (од 1921). Предавањето во Баухаус се сочинело со одржување на почетнички часови и работа во работилници. Со работилниците раководеле уметници познати како мајстори на формата и мајстори кои се занимавале со рачна изработка. На почетокот, постоела мешавина од романтичките елементи применувани во прединдустриското производство со современите пристапи. Проектите на Баухаус, како што бил „Haus Sommerfeld“, во овој период биле експресионистилки. Во 1923 година бил ангажиран конструктивистот Ласло Мохоли-Наѓ како замена на сликарот Јоханес Итен. Истата година, Haus am Horn во Вајмар бил првиот проект којшто бил конзистентен во архитектурата и уредувњето на новата објективност, кој наликувал на проектите на холандското училиште од тој период, „Де Стијл“. Во јавноста, овие градби важеле за „студени“, „сиромашни“ и „машински“.

Во време на Вајмарската Република важеле професорите и учениците во Баухаус, како и неговите обожавателите за „леви“ и „меѓународни“. Десничарските политички партии уште на почетокот се наслонле кон училиштето. По промената на власта во Тирингија на изборите во февруари 1924 година, новата влада на чело со Рихард Лојтхојсер го намалила буџетот за 50%. По тоа, се појавиле нови градови кои им се понудиле на професорите и учениците. Откако финансиски и политички било под притисок од страна на владата на Тирингија, во 1925, советот на училиштето донело одлука, истото да се пресели во Десау. Таму, конструкторот на авиони, Хуго Јункерс, дал подршка, а освен тоа во овој индустриски град владеело стабилно социјалдемократско и либерално мнозинство. Со тоа, Вајмарскиот Баухаус бил затворен во 1925 година.

Десау

Обновената фасада на зградата на Баухаус во Десау

Во 1925 година, училиштето било преместено во Десау. Таму биле создадени првите парчиња мебел од челични шипки како нов материјал, а Марсел Броер, Март Штам и Лудвиг Мис ван ден Рое ги обликувале пвите столици на носење. Со тоа, започнала соработката со индустријата.

На 4 декември 1926, свечено била отворена новата зграда на Ваухаус, чијшто архитект бил Валтер Гропиус. Страната од градбата, којашто била свртена кон улицата, била целосно застаклена и особено наликувала на куќите кои во тоа време ги конструирал Гропиус, а биле наменети за живеење и како и зградата на Баухаус биле конзистентни и одлични принероци на единството на живеењето и работата.

Работилница во склоп на Баухаус во Десау

На 1 април 1928, Гропиус се повлекол од функцијата директор. По негово предлог, за нов директор бил избран швајцарскиот архитект Ханес Мајер, кој за Баухаус не само што ја смислил паролата „народна потреба наместо луксузна потреба“, туку ја забрзал заедничката работа со индустријата и предизвикал зголемен интерес за предметот архитектура.[5] Мајер останал директор, сè до неговото разрешување од страна на градоначалникот на Десау, на 1 август 1930 година.

Од 1930 до 1933 година, со Баухаус раководел архитектот, Лудвиг Мис ван ден Рое. На 19 јули 1933 година, училиштето било трајно затворено. Многу од неговите членови се преселиле во странство и го изнеле меѓународното проширување на идејата за Баухаус.

Во 1945 година, зградата на Баухаус во Десау била делумно уништена, по што била обновена во 1976 година.

Берлин

Во 1931 година, на локалните избори во Десау победила Национал-социјалистичката работничка партија на Германија. Така, во 1932 година, Баухаус морало да се пресели по вторпат. Овој пат, новото место на училиштето бил градот Берлин. Сепак, кратко потоа, во 1933 година, институцијата била принудена од национал-социјалистите да биде трајно затворена.

Наводи

  1. Баухауз (Bauhaus), 4living.ru
  2. Henry van de Velde in Weimar 1902 bis 1917, www.thueringen.de
  3. Der unbekannte Mr. Bauhaus
  4. Zur Gründungsphase des Bauhauses siehe jetzt Volker Wahl: Wie Walter Gropius nach Weimar kam. Zur Gründungsgeschichte des Staatlichen Bauhauses in Weimar 1919. In: Die große Stadt. Das kulturhistorische Archiv von Weimar-Jena. Band 1, 2008, S. 167–211, der zeigt, dass die in der Literatur zu findenden Gründungsdaten 21. März oder 1. April 1919 auf Missverständnissen beruhen.
  5. Hans M. Wingler: „bauhaus“ (Bramsche, 1975) – S. 462

Предлошка:Link FA