(Translated by https://www.hiragana.jp/)
Баухаус — Википедија Прејди на содржината

Баухаус

Од Википедија — слободната енциклопедија
Преработка од 00:50, 23 октомври 2010; направена од Kiril Simeonovski (разговор | придонеси) (Нова страница)
(разл) ← Претходна преработка | Последна преработка (разл) | Следна преработка → (разл)

Државното училиште Баухаус, познато само како Баухаус, е училиште за архитектура и декоративна уметност, кое постоело од 1919 до 1933 година. Според видот и концепцијата, појавата на училииштето претставувало појава на нешто сосема ново, а денес важи за дом на авангардата на современоста во сите подрачја на слободната и применетата уметност и се смета за посебен архитектонски стил. Посотело сè до 1933 година.

Баухаус било основано во Вајмар од страна на Валтер Гропиус, а причина за основање на училиштето била идејата за создавање здружение на занаетчии-уметници, кои ќе бидат подучувани од уметници, со цел да се дојде до заедничко истражување на професорите и студентите во примената на новите техники, материјали и облици во архитектурата, производството на мебел и обликувањето на употребните предмети. Основачите имале за цел да ги задоволат масовните потреби на населението и се стремеле да создадат допадливи предмети со поволна цена и максимална удобност.[1]

Наводи

  1. Источник - Баухауз (Bauhaus), 4living.ru

Предлошка:Link FA