(Translated by https://www.hiragana.jp/)
Супернова — Википедија Прејди на содржината

Супернова

Од Википедија — слободната енциклопедија
Повеќебранова (рентген, инфрацрвена и оптичка) слика на остатоците од суперновата Јохан Кеплер (СН 1604), сликана од опсерваторијата Чандра.

Супернова е експлозија на ѕвезда. Таа е екстремно светла и предизвикува сноп од радијација кој може да ја засени целата галактика пред да исчезне по неколку недели или месеци. За време на оваа краткотрајна експлозија, суперновата може да иззрачи толку енергија колку што Сонцето ќе емитува вкупно за целиот свој век. [1] Експлозијата исфрла од ѕвездата материјал со брзини до една десетина од брзината на светлината, предизвикувајќи потрес во околината. [2] Постојат неколку видови на супернови, кои може да настанат на еден од следниве два начини:

  • прекин на нуклеарната фузија или
  • почеток на нуклеарна фузија.

Откако некоја голема ѕвезда ќе престане да создава енергија преку нуклеарна фузија, таа може да доживее ненадеен гравитациски колапс во неутронска ѕвезда или црна дупка, ослободувајќи гравитациска потенцијална енергија која ги загрева и шири надворешните слоеви на ѕвездата. Од друга страна, бела џуџеста ѕвезда може да прибере доволно материјал од ѕвезда-придружничка за да ја зголеми својата внатрешна температура доволно за да предизвика фузија на јаглеродот, после која точка следи нуклеарна фузија.

Во просек, суперновите се појавуваат еднаш во 50 години во една галактика од големината на Млечниот пат и игра значајна улога во збогатувањето на меѓуѕвездената средина со тешки елементи. Покрај тоа, брановите што се шират од експлозијата на суперновата може да предизвикаат создавање на нови ѕвезди.

  1. Giacobbe, F. W. (2005). „How a Type II Supernova Explodes“. Electronic Journal of Theoretical Physics. 2 (6): 30–38. Посетено на 2007-08-03.
  2. „Introduction to Supernova Remnants“. NASA Goddard Space Flight Center. July 27, 2006. Посетено на 2006-09-07. Проверете ги датумските вредности во: |date= (help)