Воловски форум
Воловски форум | |
---|---|
Општи податоци | |
Стил | римска архитектура |
Град | Цариград |
Земја | Византија |
Почната | 4 век |
Воловскиот форум претставувал јавен плоштад кој се користел како место за јавни погубувања и тортура во Цариград, денешен Истанбул, Турција. Низ форумот поминувала главната улица на градот, Месе, и се наоѓал меѓу седмиот и третиот рид на градот или во денешната населба Аксарај.
Форумот имал правоаголна форма и имал димензии 250х300 метри. Форумот бил опкружен со портици и неколку статуи. Посебно внимание меѓу нив заслужуваат сликата на Константин Велики и неговата мајка Елена на која држеле позлатен крст. Блиску до форумот се наоѓало пристаништето Елефтерион.
Историја
[уреди | уреди извор]Просторот каде се наоѓал форумот бил изграден во времето на Константин Велики[1] во текот на 4 век.[1], додека името на плоштадот доаѓа од големата бронзена статуа на вол или бик[1][2], која се наоѓала во нејзиниот центар. Статуата била донесена од Пергам во Мала Азија. Во долниот дел од статуата се наоѓала печка каде се гореле осудените на смрт криминалци[1][2]. Во текот на првите христијански прогони во Римското Царство под управа на Домицијан (81-96), во истата бронзена статуа бил изгорен и денешниот христијански светец Антипа Пергамски во Пергам[2]. Во времето на Јулијан Отпадникот (361-363) во еден зборник било запишано дека голем број на христијани биле живи изгорени во бронзената статуа, која веќе била транспортирена во Цариград[3].
Во 610 бил соборен императорот Фока и неговото тело било исто така изгорено на форумот.[1][3]. Според некои извори[3], императорот Ираклиј I наредил да се стопи бронзената статуа за да се исплати армијата која војувала против Персија, но овој податок не е докажан доколку постојат извори за погубувања на форумот и во наредните векови [3]. Во времето на Јустинијан II (685-695 и 705-711), на плоштадот биле погубени патријарсите Теодор и Стефан[4], кои учествувале во заговор за негово соборување од власт. Во времето на иконоборството, овде биле погубени Света Теодосија и Андреј Критски како поддржувачи на иконопочитувањето[3].
Денешната џамија Пертевнијал Султан се наоѓа во близина на форумот. Во 1968-71 година кога покрај џамијата биле изведувани градежни работи, при ископувањата не биле пронајдени никакви остатоци од форумот[5].
Наводи
[уреди | уреди извор]Литература
[уреди | уреди извор]- Van Millingen, Alexander (1912). Byzantine Churches of Constantinople. London: MacMillan & Co.
- Mamboury, Ernest (1953). The Tourists' Istanbul. Istanbul: Çituri Biraderler Basımevi.
- Janin, Raymond (1964). Constantinople Byzantine (2. изд.). Paris: Institut français d'etudes byzantines.
- Müller-Wiener, Wolfgang (1977). Bildlexikon zur Topographie Istanbuls: Byzantion, Konstantinupolis, Istanbul bis zum Beginn d. 17 Jh (германски). Tübingen: Wasmuth. ISBN 978-3-8030-1022-3.
|