Анри IV
Изглед
(Пренасочено од Анри IV од Франција)
Анри IV (роден на 13 декември 1553 во По — починал на 14 мај 1610 во Париз) бил првиот крал на Франција од Бурбонската династија и крал на Навара. Тој бил протестант и учествувал на нивна страна во нивните борби. Во 1572, станал крал на Навара, а во август истата година се оженил со Маргарита Валоа, ќерка на кралот Анри II и сестра на кралевите Франсоа II, Шарл IX и Анри III. Овој чин требало да претставува помирување на протестантите и католиците, но истиот се претворил во масакар само неколку дена подоцна, во Вартоломејската ноќ, која била организирана од страна на Катерина Медичи. Подоцна преминал во католицизам. Бил убиен од страна на верскиот фанатик Франсоа Равајак на 14 мај 1610 во Париз. На престолот го наследил неговиот син Луј. Поврзано[уреди | уреди извор]
|