(Translated by https://www.hiragana.jp/)
Девет (филм) — Википедија Прејди на содржината

Девет (филм)

Од Википедија — слободната енциклопедија
„Девет (Nine)“
Официјален постер
РежисерРоб Маршал
ПродуцентРоб Маршал
СценаристЕнтони Мингела
Мајкл Толкин
Главни улогиДаниел Деј-Луис
Марион Котијар
Пенелопе Круз
Софија Лорен
Жанрдрама мјузикл
МузикаСаундтрак: Андреа Гера
Песни: Маури Јестон
ДистрибутерThe Weinstein Company
Премиера25 декември 2009
Времетраење118 мин.
Земја САД
Јазиканглиски
Буџет$80,000,000

Девет (англиски: Nine) е американски драма мјузиклфилм од 2009 год. Филмот е режиран и продуциран од веќе докажаниот мајстор за спој на музика и филм Роб Маршал, кој веќе доби доста признанија а и Оскар за најдобар филм за својот претходен мјузикл Чикаго. Сценариото е од Мајкл Толкин и Ентони Мингела[1] и е заснован на книгата на Артур Копит според која беше направен и мјузикл на Бродвеј во 1982, а со тоа доби и Tony награда за најдобар мјузикл на годината. Но генерално, овој филм е римејк на италијанскиот филм , кој беше режиран од Федерико Фелини.

Филмот својата американска премиера ја имаше на 18 декември 2009, во Њујорк и Лос Анџелес, додека пак својата светска премиера ќе ја има на 25 декември 2009.[2]

Во главните улоги се појавуваат глумците наградени со Оскар, Даниел Деј-Луис, Џуди Денч, Никол Кидман, Марион Котијар, Пенелопе Круз, Софија Лорен, глумицата номинарана за Оскар, Кејт Хадсон и добитничката на Греми Награди, Ферџи.

Кратка содржина

[уреди | уреди извор]

Поминувајќи ги и педесеттите години од својот живот, филмскиот режисер Гидо Контини (Даниел Деј-Луис) е зафатен од средноживотната криза по што ја губи својата креативност и го носи кон различни комплицирани романтични врски. Обидувајќи се да го заврши својот последен филм, тој е присилен да биде опкружен во друштво на неколку жени од неговиот живот, вклучувајќи ја неговата жена, Луиза (Марион Котијар); неговата љубовница, Карла (Пенелопе Круз); неговата муза од филмот, Клаудија (Никол Кидман); неговиот советник и костимограф, Лили (Џуди Денч); Американската модна новинарка, Стефани (Кејт Хадсон); проститутка од неговата младост, Сараџина (Ферџи); и неговата мајка (Софија Лорен).

  1. http://www.imdb.com/title/tt0875034/fullcredits#writers
  2. Hernandez, Ernio (2008-01-23). „Work Resumes on Script for Rob Marshall's Nine Film“. Playbill News. Playbill. Посетено на 2008-08-07.

Надворешни врски

[уреди | уреди извор]