(Translated by https://www.hiragana.jp/)
Древноисточни цркви — Википедија Прејди на содржината

Древноисточни цркви

Од Википедија — слободната енциклопедија

Древноисточните цркви познати и како Источни православни цркви е заеднички назив за оние источни христијански цркви кои ги признаваат само првите три вселенски собори и ги отфрлуваат одлуките кои биле донесени од Четвртиот вселенски собор.

Расколот помеѓу овие цркви и тогашната т.н. Голема Црква (од која подоцна ќе произлезат православието и католицизмот) дошло во 5 век. Како причнина за овој раскол било неприфаќањето дека кај Исус Христос се присутни две природи: Божествена и Човечка

Список на источни православни цркви:

монофизитски цркви:
име број на верници богослужебен јазик обред седиште статут
Ерменска апостолска црква 9 000 000 ерменски ерменски Вагхаршапат, Ерменија автокефална патријаршија (католикат)
Етиопска православна црква 45 000 000 коптски, амхара александриски Адис Абеба, Етиопија автокефална патријаршија
Коптска православна црква 15 000 000 коптски, арапски александриски Александрија, Египет автокефално папство
Сириска православна црква 5 000 000 ерменски, арапски западносириски Дамаск, Сирија автокефална патријаршија
Индиска православна црква 2 500 000 малајалски западносириски Керала, Индија автокефална патријаршија (католикат)
Еритреанска црква 11 000 000 коптски александриски Еритреја автокефална патријаршија
Британска православна црква ? англиски александриски Лондон, Обединето кралство автономна митрополија кон Коптската православна црква
Сиро-маланкарска православна црква 2 500 000 малајалски западносириска Керала, Индија автониомна митрополија кон Сириската православна црква
Киликиски католикат 6 800 000 ерменски ерменски Антелиас, Либан автономна патријаршија кон Ерменската апостолска црква
Ерусалимска ерменска црква 7 700 ерменски ерменски Ерусалим, Израел автономна патријаршија кон Ерменската апостолска црква
Константинополска ерменска црква ? ерменски ерменски Истанбул, Турција автономна патријаршија кон Ерменската апостолска црква
Малабарска независна сириска црква 35 000 малајалски источносириски Керала, Индија автокефална црква,непризната
несторијански цркви:
име број на верници богослужебен јазик обред седиште статут
Асирска источна црква 450 000 асирски источносиријски Чикаго, САД автокефална патријаршија
Древна источна црква 100 000 асирски источносиријски Багдад, Ирак автокефална патријаршија
Црква на Истокот 25 000 асирски источносиријски САД автокефална патријаршија