Лендон Донован
Лендон Донован | |||
---|---|---|---|
Лични податоци | |||
Роден на | 4 март 1982 | ||
Роден во | Калифорнија, САД | ||
Држава | САД | ||
Висина | м | 173||
Позиција | напаѓач | ||
Младинска кариера | |||
1999–2001 | Бајер Леверкузен | ||
Кариера* | |||
Години | Клуб | Наст. | (Гол.) |
2000-2005 | Бајер Леверкузен | 7 | (0) |
2001-2004 | Сан Хосе Ертквејкс | 87 | (32) |
2005-2014 | Лос Анџелес Галакси | 247 | (112) |
2009 | Бајерн Минхен | 6 | (0) |
2010 | Евертон | 10 | (2) |
2012 | Евертон | 7 | (0) |
2016 | Лос Анџелес Галакси | 6 | (1) |
Репрезентација | |||
2000–2014 | САД | 157 | (57) |
Лендон Тимоти Донован (англиски: Landon Timothy Donovan) е поранешен американски фудбалер, роден на (4 март 1982 година) во Онтарио, Калифорнија. Тој води за најмногу постигнати голови за репрезентацијата на САД. Донован е единствениот играч кој 4 пати ја освоил наградата за најдобар фудбалер на годината во САД.
Биографија
[уреди | уреди извор]Лендон е син на Тимоти Донован и Дона Кеш. Тој пораснал во Редландс, Калифорнија и таму посетувал средно Гимназија. Тој потпиша професионален договор со германскиот фудбалски клуб Бајер Леверкузен во 1999 година. Сепак, ситуацијата за него во Германија не беше добра, па затоа беше префрлен во Сан Хозе Ертквејкс, играјќи во МЛС (У.С. фудбалска лига). Таму Донован постигна успех, го освои купот во 2001 и 2003 година и стана едно од лицата на американскиот фудбал. За 4 години во лигата постигна 32 гола и 29 асистенции, а за плејофот – 10 гола и 6 асистенции. Ја освои наградата за фудбалер на годината во САД во 2003 година.
По учеството на Олимписките игри во Сиднеј во 2000 година, тој го одигра и својот прв натпревар за репрезентацијата на САД против Мексико, постигнувајќи гол во своето деби. Играше за САД за време на Светското првенство во Јапонија и Јужна Кореја во 2002 година, постигнувајќи два гола. Ја доби наградата за најдобар млад играч на ова Светско првенство. Учествуваше и на следното светско првенство - ова во Германија во 2006 година.
На 3 јуни 2004 година, Бајер Леверкузен објави дека ќе го врати Донован во своите редови во 2005 година. Тој исто така ја потврди веста и му се приклучи на тимот на Леверкузен на 23 ноември 2004 година. По неколку натпревари за Леверкузен реши да се врати во МЛС, но овој пат заигра за Лос Анџелес Галакси каде настапуваше. Од 4 ноември 2007 година, тој има постигнато 36 гола на 75 натпревари за Лос Анџелес Галакси. Во 2010 година замина на позајмица во тимот на Евертон.
Во 2014 година ја заврши кариерата. Од почетокот на 2015 година, беше одлучено наградата за МЛС да го носи неговото име.[1]