(Translated by https://www.hiragana.jp/)
Реџо Калабрија — Википедија Прејди на содржината

Реџо Калабрија

Од Википедија — слободната енциклопедија
Панорама на Реџо Калабрија од Плоштадот Ротонда
Панорама на Реџо Калабрија од Плоштадот Ротонда

Реџо Калабрија (италијански Reggio di Calabria) — град во Јужна Италија кој е на прво место по старост, географски обем и број на жители. Реџо Калабрија е главен град на истомената провинција и седиште на Регионалниот совет на Калабрија. Со своите 186.006 жители оваа општина е на осумнаесеттото место во Италија по бројот на население.

Општинската територија - дефинирана на почетокот на XX век како "Grande Reggio" - сместена е во една поголема област во која живеат околу 260.000 жители.

Овој град традиционално е наречен „Град на Фата Морганата“ бидејќи овде се појавува реткиот оптичко-митолошки феномен на Фата Морганата за време на кој сицилијанскиот брег се чини дека е оддалечен само неколку метри и така е можно да се видат јасно куќите, автомобилите и луѓето.

Плоштадот Италија
Замокот Арагонезе во Реџо Калабрија

Реџо се наоѓа во центарот на туристичка област која има огромно историско-културно и приморско значење. Тоа е универзитетски град сместен во центарот на земјоделска зона која е особено плодна благодарение на благата клима и која е погодна за производство на масло од маслинки, вино, агруми и зеленчук, меѓу кои карактеристично е производството на есенција од бергамот, еден вид на кисело овошје кое го дава својот најдобар квалитет во светот исклучиво на територијата на Реџо и токму поради тоа бергамот станал еден од симболите на градот.

Географија

[уреди | уреди извор]

Местоположба

[уреди | уреди извор]

Градот Реџо Калабрија е сместен на врвот од „Чизмата“ (формата на Италија всушност наликува на чизма а овој град се наоѓа токму на предниот дел кој наликува на шпиц), на падините на Аспромонте, во централна местоположба на Средоземјето, на источниот брег на Месинскиот Проток од каде што постои спектакуларна панорама на Сицилија, Етна и на Липарските Острови.

Градот го сече 38-от напоредник кој исто така минува низ пет други градови (Сеул, Смирна, Атина, Сан Франциско, Кордоба), и на кој е подигнат Споменикот на 38-от напоредник.

Морфологија и урбанистичка структура на градот

[уреди | уреди извор]

Во својата долга историја градот претрпел длабоки трансформации врз урбаниот изглед чии траги се видливи како на површина така и во археолошките подземни ископини. Таквите трансформации се последица од природни непогоди (земјотреси, морски плими и слично), но и на човечките неплански градби кои делумно го изменале изгледот на градот, особено во 60- те, 70-те и 80-те години од минатиот век. Веќе на почетокот на 90-те години се јавува поголема совесност за штетите кои ѝ се нанесени на територијата но и желбата за реконструкција која секако ќе мора да трае уште многу години.

Градот се протега на површина од 236,02 км2, и по земјотресот од 1908 година градот бил реконструиран со долги прави улици, пошироки во однос на античките.

Катедралата во Реџо Калабрија.
Градската библиотека „Пјетро Де Нава“.

Климата во Реџо е средоземна од тиренската страна, додека од јонската е суптропска, не толку влажна во однос на првата. Климата на Аспромонте е речиси апенинска.

Зимите се благи и куси а температурата ретко паѓа до нулата, со годишна просечна температура од 17.32 °C, додека годишниот просек на врнежите е 547,16 mm. Во текот на годината има околу 300 сончеви денови.

РЕЏО КАЛАБРИЈА Јан Фев Мар Апр Мај Јун Јул Авг Сеп Окт Нов Дек Год
Максимална средна темпер. (°C) 15 15 17 19 24 28 31 31 28 24 20 17 22,4
Минимална средна темп. (°C) 8 8 9 11 15 18 22 22 19 16 12 10 14,2
Дождови (mm) 63 52 43 31 17 9 6 9 29 53 63 59 434

Историја

[уреди | уреди извор]

Реџо Калабрија е една од најстарите грчки колонии во Јужна Италија и еден од најстарите градови во Европа. Во 5 век п.н.е. имал голема политичко-економска моќ и извесен период извршила големо влијание и врз градот Месина, достигнувајќи голем уметничко-културен престиж благодарение на својата филозовска школа на Питагора како и на училиштата за проза и поезија од кои излегле многу познати уметници. Исто така градот ѝ бил сојузник на Атина во војната на Пелопонез.

Големата сала на Театарот Франческо Чилеа.

Во византискиот период градот станал метропола и главен град на Војводата од Калабрија.

Во доцниот Среден век градот бил мета на Сарацените и Лонгобардите, како и на Византијците и Норманите.

Надворешни врски

[уреди | уреди извор]