Рибњик
Рибњик | |||
---|---|---|---|
Главниот плоштад во Рибњик | |||
Држава | Полска | ||
Војводство | Шлеско Војводство | ||
Управа | |||
• Градоначалник | Пјотр Кучера | ||
Површина | |||
• Градска | 148 км2 (57 ми2) | ||
Најг. вис. | 290 м | ||
Најм. вис. | 210 м | ||
Население (2013) | |||
• Градско | 139,129 ▼ | ||
• Метро | 527 017 | ||
Час. појас | CET (UTC+1) | ||
• Лето (ЛСВ) | CEST (UTC+2) | ||
Поштенски број | од 44-200 до 44-292 | ||
Повик. бр. | +48 32 | ||
Регистарски таблички | SR | ||
Мреж. место | http://www.rybnik.pl/ |
Рибњик (полски: Rybnik, германски: Rybnick, шлески: Rybńik) — град во југозападна Полска, кој се наоѓа во Шлеското Војводство. Градот првично бил развиен како риболовен центар (што може да се види и по неговото име) во средниот век, а подоцна станал и важен центар за ископување на јаглен и седиште на околната општина во 19 век. За време на комунистичката власт од 1945 до 1989 година било предвидено градот да се развие во главен рударски центар во јужна Полска.
Според пописот од декември 2010 година, во градот живеат 141,410 жители и со тоа е единствената градска општина во Горна Шлеска во која има зголемување на населението. Во околината на Рибњик се наоѓаат голем број на рудници на јаглен и електрани и со тоа претставува важна економска област на Полска, а исто така е и истакнат музички центар, дом на државното музичко училиште „Браќа Шафранкови“ и градскиот филхармониски оркестар.