Плодно тело
Кај габите, спорокарпот (грч. karpos [
Спорокарпот на столпчестите габи е познат како базидиокарп, додека плодното тело на торбестите габи се нарекува аскокарп. Овие два вида на плодни тела се јавуваат во многу различни форми кои играат важна улога во идентификацијата и таксономијата на габите.
Плодните тела се епигејни ако тие растат на земјата, како кај обичните печурки, додека оние кои растат под земјата се хипогејни. Епигејните спорокарпи што се видливи со голо око, особено плодните тела со повеќе или помалку агарикоидна морфологија, најчесто се нарекуваат печурки, додека хипогејните габи обично се нарекуваат тартуфи или лажни тартуфи. Во текот на нивната еволуција, тартуфите ја загубиле способноста да ги разнесуваат нивните спори преку воздушните струења, а наместо тоа, се насочиле кон разнесување со помош на животните (преку исхраната).
При аматерското собирање габи, но и при академската микологија, идентификацијата на вишите габи се основа на особините на спорокарпот.