Пекиншка патка
Пекиншка патка
| |||||||||||||||||
---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|
Традиционално | | ||||||||||||||||
Упростено | | ||||||||||||||||
Буквално: | пекиншка печена патка | ||||||||||||||||
|
Пекиншка патка или „пекиншка печена патка“ (кинески:
Историја
[уреди | уреди извор]Печената патка како јадење за првпат била подготвена во Кина, во времето на владеењето на Јужните и Северните династии. Пекиншката патка беше подготвена за Императорот на Кина во времето на владеење на династијата Јуен. Вистинското име на јадењето е Шаоуази кое беше спомнато во прирачникот за рецепти на јадења и пиења на Ху Сихуј кој во 1330 г. бил главен готвач во царската кујна. Во династијата Минг, пекиншката патка била едно од главните јадења во менито на кралскиот двор. Во 1416 г. се изгради и првиот специјализиран ресторан за подготвуавање на пекиншка патка во Пекинг.
Во времето на владеење на Династијата Кинг од 1736-1796 г. популарноста на печената пекиншка патка почнала да се шири во повисоки размери. Таа била испирација за поетите и високата интелигенција кои уживале во јадењето. На пример, во стиховите една песна кој ја напишал Дуан Зу Зи Ци Пекинг беше познат по, „наполнете ја вашата чинија со печена патка и прасенце“. Во 1864 г. е основан ресторанот Куанјуд во Пекинг. Негов сопственик бил Јанг Куанрен кој го развил специјалитетот печена пекингка патка. Со своите иновации и успешно управување ресторанот станал познат во Кина со воведување на пекиншката патка на сите делови во светот.
Во средината на XX век пекиншката патка станала национален симбол на Кина кој бил развиен од страна на туристите и дипломатите. На пример Во 1972 г., министерот за надворешни работи на САД, Хенри Кисинџер се сретнал со премиерот Џоу Енлај во Големата народна сала. По напорните долги разговори кои завршиле утрото, американската делегација за ручек била послужена со пекиншка патка, која станало најомилено јадење на Кисинџер. Пекиншката патка подготвена во Куанјуд посебно била омилено јадење на разни политички водачи како што се кубанскиот револуционер Фидел Кастро, германскиот канцелар Хелмут Кол.
Поврзано
[уреди | уреди извор]- Кинеска кујна
- Пекиншка патка (животно) — американска раса на домашни патки
Наводи
[уреди | уреди извор]Надворешни врски
[уреди | уреди извор]„Пекиншка патка“ на Ризницата ? |
- Во слики: Приготвување на пекиншка патка (Би-Би-Си)