Бети Дејвис
Бети Дејвис | |
---|---|
Бети Дејвис во трејлерот на Сега, патнику , 1942. | |
Роден(а) | Рут Елизабет Дејвис |
Активен | 1929 - 1989 |
Сопружник | Хармон Нелсон (1932-1938) Артур Фарнсворт (1940-1943) Вилијам Грант Шери (1945-1950) Гери Мерил (1950-1960) |
Бети Дејвис (5 април 1908 – 6 октомври 1989), родена како Рут Елизабет Дејвис, е американска актерка-двократна оскаровка. Позната по својата неуморна желба да игра улоги на несимпатични ликови, секогаш ужива голема критичка слава поради можноста да се снајде во различни филмски жанрови, почнувајќи од криминалните мелодрами до историските филмови како и до повремените улоги во комедиите; сепак нејзините најголеми успеси се оние во романтичните драми.
После појавата во неколку драми на Бродвеј, Дејвис оди во Холивуд во 1930 година, но нејзините први филмови за Universal Studios се неуспешни. Се приклучува кон Warner Brothers во 1932 и својата успешна филмска кариера ја започнува со неколку критички признати улоги. Во 1937 се обидува да го раскине својот договор и иако ја губи една од најпознатите правни битки во раната Холивудска историја, овој момент останува забележан како почеток на нејзините најголеми успеси. Сè до крајот на 1940-тите, таа е една од најпознатите глумици, позната по својот моќен и интензивен глумечки стил. Дејвис набрзо се здобива со репутација на ратоборен перфекционист, а нејзините конфортации со извршните лица во студијата и режисерите стануваат легендарни. Нејзиниот искрен пристап, лаконски вокален стил како и секогаш присутната цигара придонесуваа до создавање на една од најпознатите персони на екранот - често имитирани и сатиризирани.
Дејвис е првата глумица со десет номинации за оскар а и првата жена која ја има добиена Наградата за животно достигнување од Американскиот филмски институт. Нејзината кариера неколкупати страда од моментални падови, дотолку што таа и самата ќе признае дека нејзиниот успех се должи на безусловното жртвување на нејзиниот приватен живот. Се венча четири пати, еднаш останува вдовица и трипати се разведува, поради што трите деца ги одгледува како самохрана мајка. Последните години од нејзиниот живот се обележани со многу кревко здравје и постојана болест. И покрај ова, Дејвис продолжува да глуми речиси до својата смрт, предизвикана од рак на дојката. Останува запаметена не само како една од најдобрите, туку и како една од најплодните глумици во Холивуд: зад нејзиното име остануваат запишани повеќе од сто филмски, телевизиски и театарски остварувања. Прогласена е за втора најголема ѕвезда во филмската историја.
Надворешни врски
[уреди | уреди извор]„Бети Дејвис“ на Ризницата ? |
- Бети Дејвис на Семрежната филмска база на податоци (англиски)
- Бети Дејвис на TCM Movie Database
- Бети Дејвис — Internet Broadway Database
- Официјална страница на Бети Дејвис Архивирано на 19 август 2006 г.
- Гробот на Бети Дејвис