Три Чешми
Три Чешми | |
Поглед кон Три Чешми | |
Координати 41°46′26″N 22°08′04″E / 41.77389° СГШ; 22.13444° ИГД | |
Општина | Штип |
Население | 947 жит. (поп. 2021)[1]
|
Пошт. бр. | 2205 |
Шифра на КО | 30062, 30562 |
Три Чешми на општинската карта Атарот на Три Чешми во рамките на општината | |
Три Чешми на Ризницата |
Три Чешми (влашки: Treili Shopati) — населба во Општина Штип[2].
Географија и местоположба
[уреди | уреди извор]Оваа млада по постанок, но голема населба се наоѓа на територијата на Општина Штип, недалеку во северен правец од градот, на оддалеченост од околу 4 км. и лежи непосредно до регионалниот пат Штип – Велес. Населбата е рамничарска на надморска височина од 320 метри. Атарот зафаќа простор од 10,8 км2. На неа обработливо земјиште зазема површина од 646 хектари, на пасиштата отпаѓаат 70 хектари. . Меѓутоа, голем дел од населението работи во фабриките кои се наоѓаат во градот Штип и дејствуваат во дневните миграциони движења на релација приградска населба – град. Во населбата работи деветгодишно училиште, има амбуланта, фабрички погон, услужни објекти (пошта), споменик од НОБ, а снаселбата има и урбанистички план, според кој од неколку куќи населбата се развило во современо населено место.
Историја
[уреди | уреди извор]Место на ова село било населено уште од римско време, за што сведочи наоѓалиштето „Три Чешми“ на 500 м југоисточно од селото.
Денешната населба датира од 1949/50 година. Во раните години населбата била нарекувана Сто Куќи. На истата територија биле изградени станбени објекти кои биле доделени на жртвите на Македонскито егзодус од 1948. Подоцна со добивање на планови за доизградба населбата била проширена, во сколоп на нејзината изградба овде влегуваат Поштата, Приградската амбуланта, Црквата „Св. Илија“ како и основното училиште под име „Јосип Броз Тито“, подоцна променето во „Борис Кидрич“, но сепак и ова име не останува за долго за на крај подрачното основно училиште да го добие името ПОУ „Гоце Делчев“.
Во склоп на Три Чешми постоел и Земјоделско-индустриски комбинат „Црвена Ѕвезда“ кој запирел со работа веднаш по растурањето на Југославија.
Стопанство
[уреди | уреди извор]Население
[уреди | уреди извор]
|
| |||||||||||||||||||||||||||||||||
На пописот од 2002 година, селото имало 1.065 жители и претставува голема населба.[3]
На табелата е прикажан националниот состав на населението низ сите пописни години:[4]
Според последниот попис од 2021 година, во селото живееле 947 жители, од кои 808 Македонци, 88 Власи, 3 Срби, 2 останати и 46лица без податоци.[5]
Година | Македонци | Албанци | Турци | Роми | Власи | Срби | Бошњаци | Ост. | б.п. | Вкупно |
---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|
1948 | — | — | — | — | — | — | — | — | — | — |
1953 | 443 | — | 3 | — | 191 | 1 | — | 1 | — | 639 |
1961 | 458 | — | — | — | ... | 3 | — | 203 | — | 664 |
1971 | 526 | 8 | 1 | — | — | 12 | — | 56 | — | 602 |
1981 | 624 | — | — | — | 80 | 1 | — | 6 | — | 711 |
1991 | 823 | — | — | — | 127 | 3 | — | 2 | — | 953 |
1994 | 845 | — | — | — | 132 | 5 | — | — | — | 982 |
2002 | 933 | — | — | — | 126 | 5 | — | 1 | — | 1.065 |
2021 | 808 | — | — | — | 88 | 3 | — | 2 | 46 | 947 |
Општествени установи
[уреди | уреди извор]Самоуправа и политика
[уреди | уреди извор]Културни и природни знаменитости
[уреди | уреди извор]- Археолошки наоѓалишта
- Три Чешми — археолошко наоѓалиште во селото, населба од римско време
Црквена и слава на населбата е Свети Илија на 2 август
Личности
[уреди | уреди извор]Култура и спорт
[уреди | уреди извор]- ФК Три Чешми — фудбалски клуб основан во 1950 г. Има играно во Втората македонска фудбалска лига.
Иселеништво
[уреди | уреди извор]Наводи
[уреди | уреди извор]- ↑ „Пописна слика на населените места во Македонија, Попис 2021“. Државен завод за статистика. Посетено на 22 декември 2022.
- ↑ Енциклопедија на селата во република Македонија (Митко Панов 1998 г.)
- ↑ Попис на населението, домаќинствата и становите во Република Македонија, 2002 - Книга X
- ↑ Население на Република Македонија според изјаснувањето за етничката припадност, по населени места, според пописите на население 1948, 1953, 1961, 1971, 1981, 1991, 1994 и 2002 година (согласно територијалната организација од 1996 година). База на податоци МАКСтат Архивирано на 10 декември 2021 г.. Државен завод за статистика.
- ↑ „Оваа категорија опфаќа лица коишто учествуваат во вкупното резидентно население, но поради нивно одбивање да бидат попишани, неможност да бидат најдени на својата адреса на живеење и непотполност во работата на попишувачите не биле официјално попишани, туку за нив податоците биле преземени од административни извори и затоа не учествуваат во изјаснувањето за етничка припадност, вероисповед и мајчин јазик (Прочитајте повеќе...).“
Надворешни врски
[уреди | уреди извор]- Три Чешми на Ризницата ?
- Сите патишта водат низ Три Чешми Архивирано на 17 јуни 2020 г. - репортажа во Дневник
|