(Translated by https://www.hiragana.jp/)
Хаџи-Сејдели — Википедија Прејди на содржината

Хаџи-Сејдели

Координати: 41°38′34″N 22°04′49″E / 41.64278° СГШ; 22.08028° ИГД / 41.64278; 22.08028
Од Википедија — слободната енциклопедија
Хаџи-Сејдели
Хаџи-Сејдели во рамките на Македонија
Хаџи-Сејдели
Местоположба на Хаџи-Сејдели во Македонија
Хаџи-Сејдели на карта

Карта

Координати 41°38′34″N 22°04′49″E / 41.64278° СГШ; 22.08028° ИГД / 41.64278; 22.08028
Регион  Источен
Општина  Штип
Население 0 жит.
(поп. 2021)[1]

Повик. бр. 032
Шифра на КО
Надм. вис. 340 м
Хаџи-Сејдели на општинската карта

Атарот на Хаџи-Сејдели во рамките на општината
Хаџи-Сејдели на Ризницата

Хаџи-Сејдели — село во Општина Штип, источна Македонија. Денес нема жители.[2]

Географија и местоположба

[уреди | уреди извор]

Селото лежи во јужноото подножје на Конечка Планина, од левата страна на реката Крива Лакавица. Сместено е југозападно градот Штип, а атарот зафаќа површина од 9 км2.[3]

Историја

[уреди | уреди извор]

Во XIX век Хаџи-Сејдели било турско село во Штипската каза на Отоманското Царство. Според статистиката на Васил К’нчов („Македонија. Етнографија и статистика“) од 1900 г. Седили имало 50 жители Турци.[4]

На етничката карта од 1927 г. Леонард Шулце Јена го покажува Хаџи Сејдли (Hadži Seidli) како село со нејасен етнички состав.[5]

Население

[уреди | уреди извор]
Население во минатото
ГодинаНас.±%
194810—    
19538−20.0%
19618+0.0%
19710−100.0%
198100.00%
ГодинаНас.±%
199100.00%
199400.00%
200200.00%
202100.00%

Според германска карта издадена во 1941 година, а заснована на пописот на Кралството Југославија од 1931 година, селото имало 10 до 25 Македонци.[6]

Во периодот пред Втората светска војна, населението на Хаџи-Сејдели доживеало голем пад, при што во 1948 г. се забележани 10 жители, а по неколку години тие се намалиле на 8. Во текот на 1950-тите сите Турци (т.е. целото население) го напуштиле селото, а на нивно место се доселиле 4 Албанци и 4 „останати“ лица.[7] Во 1960-тите Хаџи-Сејдели било наполно иселено. Според пописот од 2002 година, Хаџи-Хамзали немало ниеден жител.[2] Истото било потврдено и на пописот од 2021 година.

Во табелата во продолжение е направен преглед на населението во сите пописни години:

Година 1900 1905 1948 1953 1961 1971 1981 1991 1994 2002 2021
Население 50 10 8 8 0 0 0 0 0 0
Извор за 1900 г.: Македонија. Етнографија и статистика.[8]; за 1905 г.: La Macédoine et sa Population Chrétienne.[9]; за 1948-2002 г.: Државен завод за статистика на РМ.[10]; за 2021 г.: Државен завод за статистика на РМ.[11]


Хаџи Сејдели било турско село.

Според истражувањата од 1920-1924, родови во селото:

  • Доселеници: Демирарлар (5 к.), Ѓелолар (3 к.), Шабанлар (1 к.) и Беќирлар (1 к.) стари доселеници од Турција, по потекло Јуруци; Усиналардан (1 к.) доселени биле во 1919 година од селото Мушанци; Мамуџик (1 к.) доселени биле во 1919 година од селото Орта Маало.[12]

Иселеништво

[уреди | уреди извор]

Иселеници има во Турција.

  1. „Пописна слика на населените места во Македонија, Попис 2021“. Државен завод за статистика. Посетено на 22 декември 2022.
  2. 2,0 2,1 „Попис на Македонија“ (PDF). Завод за статистика на Македонија. 2002. Посетено на 4 јануари 2021.
  3. Панов, Митко (1998). Енциклопедија на селата во Република Македонија: географски, демографски, и аграрни обележја (I. изд.). Скопје: Патрија. стр. 309. ISBN 9989-862-00-1.
  4. Кѫнчовъ, Василъ (1900). Македония. Етнография и статистика. София: Българското книжовно дружество. стр. 231. ISBN 954430424X.
  5. Leonhard Schultze Jena. "Makedonien, Landschafts- und Kulturbilder", Jena, G. Fischer, 1927
  6. „200K Volkstumskarte Jugoslawien“.
  7. Хаџи-Сејдели — Население на Република Македонија според изјаснувањето за етничката припадност, по населени места, според пописите на население 1948, 1953, 1961, 1971, 1981, 1991, 1994 и 2002 година (согласно територијалната организација од 1996 година)[мртва врска]
  8. К’нчов, Васил. „Македонија. Етнографија и статистика“. Софија, 1900
  9. Brancoff, D.M. „La Macédoine et sa Population Chrétienne“. Paris, 1905.
  10. „Население по возраст и по пол, по населени места, според пописите спроведени во Република Македонија по Втората светска војна“. Државен завод за статистика.
  11. „Вкупно резидентно население на Република Северна Македонија според етничката припадност, по населени места, Попис, 2021“. Државен завод за статистика.
  12. . Радовановиќ, Воислав (1924). Тиквеш и Раец. Белград. Отсутно или празно |title= (help)CS1-одржување: друго (link)

Надворешни врски

[уреди | уреди извор]