Јовица Тасевски - Етернијан
Јовица Тасевски - Етернијан | ||
Роден | Јовица Тасевски 25 јули 1976 Скопје, Македонија | |
---|---|---|
Занимање | македонски поет, есеист, критичар и преведувач. |
Јовица Тасевски - Етернијан (роден на 25 јули 1976 год. во Скопје) — македонски поет, есеист, критичар и преведувач.[1]
Активности
[уреди | уреди извор]Дипломирал општа и компаративна книжевност на Филолошкиот факултет „Блаже Конески“ - Скопје. Работи во Националната и универзитетска библиотека „Св. Климент Охридски“ - Скопје. Уредник е на списанието за литература, уметност и култура „Стремеж“ - Прилеп. Уредник-консултант е на индиската книжевна ревија „Инчентин версис“. Член е на издавачкиот совет на референтното научно списание „Сајбер литература“. Бил стручен советник за македонска поезија во меѓународниот поетски проект „Други гласови“ - антологија на светската поезија вклучена во World Poetry Directory на УНЕСКО.[2][3][4]
Член е на Друштвото на писателите на Македонија, Друштвото за компаративна книжевност на Македонија, Британското поетско друштво (The Poetry Society)[5][6][7][8] и Светското поетско друштво.[9] Почесен член е Австралиското поетско друштво.[10][11][12][13]
Го има добиено интернационалното поетско признание „Восхитувачки поет“ што се доделува во Индија за исклучителен придонес во современата поезија.[14][15]
Заедно со Маја Апостолоска го има составено изборот од современата македонска поезија со библиски, религиозни и апокрифни мотиви што излезе како специјален број на списанието Стремеж (11/12. 2000). Приредувач е и на антологијата на младата македонска поезија „Неидентификувана небесна дојка“ (2001).
Врз основа на неговата поезија, во 2005 година, во Народниот театар „Јордан Хаџи Константинов - Џинот“ - Велес била изведена претставата „Небесни стражи“ во режија на Весна Димитровска.
Неговата поезија е преведена на петнаесетина јазици и објавена е во списанија и антологии во над дваесет држави.[16]
Творештво
[уреди | уреди извор]- „Нешто се слуша“ (поезија, 1995)
- „Визии. Глагол“ (поезија, 1997)
- „Веда“ (поезија, 1998)
- „Постојното, плимата“ (книжевни критики, есеи и студии, 2000)
- „Клатно“ (поезија, 2001)
- „Небесни стражи“ (поезија, 2004)
- „Посоки и огледи“ (книжевни критики, есеи и студии, 2006)
- „Синтакса на светлината“ (поетски избор, том 91 во проектот „Македонска книжевност“, 2008)
- „Синтаксис на светлината“ (поетски избор, препев на бугарски јазик, 2010)
- „Syntax of the Light“ (поетски избор, препев на англиски јазик, 2011)
- „Исход“ (поезија, 2012).[17]
Одзиви
[уреди | уреди извор]За неговата поезија се напишани повеќе позитивни критички осврти и студии од македонски и странски автори. Во објавените прилози и осврти во странство за песните на Етернијан се истакнува дека „се одликуваат со впечатлива сликовитост, иновативен израз и збиен јазик со преплетени значења, алузии и неочекувани конотации“ („Виндмилс“, Универзитет Диакин, Австралија), „исполнети се со инвентивни и импресивни поетски слики“ и се одликуваат со „интелектуална и духовна длабочина“ („Бук Тајмс“, САД), неговите дела имаат „митски квалитети на сакрален текст“ и „извираат од моќна поетска имагинација“ („Калина Ривју“, Велика Британија), се нагласува дека „поезијата на Етернијан е мистична, елиптична, повеќезначна и се одликува со раскошна, уникатна и впечатлива сликовитост, која произлегува од стремежот кон бескрајноста“ („Рекурс о поем“, Франција) и дека пристапот на Етернијан кон пишувањето поезија е „многу креативен, сложен, интелектуален и духовен, при што во неговите песни може да се најдат длабочина и целосност какви што ретко се сретнуваат денес“ (д-р Шаменаз Шеик, „Болоџи“, Индија).[18][19][20]
Надворешни врски
[уреди | уреди извор]Наводи
[уреди | уреди извор]- ↑ Македонски писатели, Друштво на писатели на Македонија, Скопје, 2004, стр. 255.
- ↑ НУБ „Св. Климент Охридски“ - Скопје: Денови на светската книжевност, 25. 4. 2016
- ↑ „Плус инфо, 25. 4. 2016“. Архивирано од изворникот на 2016-04-26. Посетено на 2016-05-04.
- ↑ Телеграф, 1. 8. 2013[мртва врска]
- ↑ Нетпрес, 21. 7. 2009[мртва врска]
- ↑ Култура во РМ, 21. 7. 2009[мртва врска]
- ↑ Вечер, 22. 7. 2009[мртва врска]
- ↑ Утрински весник, 22. 7. 2009[мртва врска]
- ↑ Био-библиографија на Јовица Тасевски - Етернијан
- ↑ Канал 5, 22. 1. 2011
- ↑ „Алфа ТВ, 22. 1. 2011“. Архивирано од изворникот на 2011-01-30. Посетено на 2011-01-28.
- ↑ Вест, 24. 1. 2011[мртва врска]
- ↑ Вечер, 24. 1. 2011[мртва врска]
- ↑ Сител, 16. 4. 2016
- ↑ А1он, 16. 4. 2016[мртва врска]
- ↑ "Поезијата на Етернијан во американско списание", Дневник, година XVIII, број 5433, петок, 4 април 2014, стр. 27.
- ↑ „Тајм. Мк, 10. 11. 2012“. Архивирано од изворникот на 2012-11-15. Посетено на 2012-11-16.
- ↑ „МКД.МК, 3. 7. 2013“. Архивирано од изворникот на 2013-07-07. Посетено на 2016-05-04.
- ↑ МИА, 16.4.2016[мртва врска]
- ↑ Макфакс, 16.4.2016
|