Оваа е општа статија за пенис кај животните. За човековиот орган видете човеков пенис.
Пенис од азиски слон.
Пенис (латински: penis, во превод „опашка“) — главен полов орган на машките и хермафродитските животни. Органот се користи за оплодување на женката или хермафродитот за време на парењето.[1] Пенисот се сретнува кај голем број животни, како ’рбетници, така и безрбетници. Сепак, важно е да се напомене дека пенисот не е орган кој го поседува мажјакот кај одредени видови животни. Пенисот се користи и за исфрлање на течни отпадни материи од организмот.
корен на пенисот (radix) — прицврстениот дел од пенисот со телото, главест дел (bulbus penis) кој од двете страни има мускулести листови (crus penis). Коренот лежи во перинеалната торба.
тело на пенисот — телото има два дела: горен (дорзален) дел (постеросупериорен дел при ерекција) и долен (вентрален) (долниот дел при мека состојба). Вентралната површина има вдлабнатина.
епително ткиво — делот е составен од кожа, кожичка од пенис (препуциум; praeputium), а од внатрешноста на кожичката се наоѓа мека епителна површина (preputial mucosa). Кожата ја заштитува главата на пенисот (glans penis).